дома Занимливости (ФОТО+ВИДЕО) ЕДНО ОД НАЈУБАВИТЕ СВЕТСКИ ЧУДА НА ПРИРОДАТА: Околу 40 милиони возрасни...

(ФОТО+ВИДЕО) ЕДНО ОД НАЈУБАВИТЕ СВЕТСКИ ЧУДА НА ПРИРОДАТА: Околу 40 милиони возрасни единки на црвени ракови се движат на својот пат кон брегот каде се пapaт

Околу 40 милиони возрасни единки на црвени ракови се движат на својот пат кон брегот каде се пaрaт, а женките оставаат јaјцa во морето.

Секоја година кон крајот на октомври австралискиот Божиќен остров целосно зацрвенува. Божиќниот остров е австралиска територија која се простира на околу 135 квадратни километри во Индискиот океан.

Со новата сезона на монсунски дождови, почнува масовната миграција на црвените ракови, ендемски вид кој остатокот од годината живее во прашумите.

Околу 40 милиони возрасни единки на црвени ракови се движат на својот пат кон брегот каде се пaрaт, а женките оставаат јaјцa во морето.

Нивната миграција зависи исклучиво од временските услови и движењето на месечината, па ако дождот задоцни, раковите не одат кон брегот до следната млада месечина, кога за време на плимата женките пoлoжувaaт јaјцa на брегот.