дома Локално (Фото+Видео) Започна украсувањето на Скопје без потрошен денар од скопјани

(Фото+Видео) Започна украсувањето на Скопје без потрошен денар од скопјани

Од вечерва започнува украсувањето на главниот град кое ќе продолжи и во наредните денови.

Новата градоначалничка Данела Арсовска докажа дека може поинаку и дека и без недомаќинско трошење на парите на граѓаните, Скопје може да заличи на метропола каква што заслужуваат скопјани.

Очигледно не биле потребни ниту милионски суми, ниту тендери туку само малку добра волја.

Да се потсетиме дека претходниот градиначалник Петре Шилегов пред своето заминување одобри тендер вреден 250 илјади евра за украсување на главниот град кој новата градоначалничка го поништи.

Скопје сега се украсува за беспари преку донација, што значи дека за новогодишниот изглед на градот нема да биде потрошен ниту денар.