дома Македонија (Фото+Видео) За Борисов пури за Нинова цвеќе: 3aeв ги шapмираше Бугарите

(Фото+Видео) За Борисов пури за Нинова цвеќе: 3aeв ги шapмираше Бугарите

Премиерот Зоран Заев денешната работна посета во Софија ја започна со со раководството на ГЕРБ и Бојко Борисов, а му однесе и подарок.

Заев на Борисов му подари кутија со американски пури , на кои Борисов се заблагодари и рече дека тоа е како симболика.

-За шампионите еден шампионски подарок, американски пури- рече Заев

Премиерот на Македонија, Зоран Заев го посети и седиштето на Бугарска социјалистичка партија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие имале краток разговор, а од БСП претходно објавија дека средбата е иницирана од македонска страна. Заев ѝ подари букет цвеќе на лидерката на БСП Корнелија Нинова, посакувајќи ѝ успех во предизборната кампања.

– Со претседателката на БСП, Корнелија Нинова имаме иста главна цел – Народите да ни бидат блиски и заедно во ЕУ. На денешната средба во Софија се согласивме дека преговорите на Македонија со Европската Унија мора да почнат час поскоро и дека секоја поддршка во оваа насока е од исклучителна важност.