(Фото+Видео) Има 62 гoдини, а изглeдa кaкo нa 40: Kaко е мoжнo и кaкo oвaa жeнa гo пocтигнyвa тoa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Имам 62 години, кога ќе ме видат во јавност со мојот син, сите мислат дека тој е мојот сопруг или брат, а еве како успеав да ја задржам мојата младост“, вели овој модел.

Лесли Карлтон (62) живее на релација Бали-Лос Анџелес. Нејзиното лице украси многу насловни страници, сними многу реклами и носеше модели од бројни брендови.

Ова го прави уште од раната младост, па дури и денес, на 62-годишна возраст, таа е модел за костими за капење. Вели дека е во подобра форма отколку кога имала 40 години, а еве ја и нејзината тајна.

Видео линк може да погледнете тука.

– И покрај тоа што имам 62 години, сè уште флиртуваат со мене деца и никој не верува дека имам повеќе од 40 години. Имам син Сефтон (44) и Аурелија (42) и сум баба на Оливија и Лилијана (10) – вели Лесли, инаку свршеница на актерот Матијас Хју (62), додавајќи дека никогаш не се осмелувала да се надева дека ќе изгледа вака на 60 години, но дека следела неколку правила што и помогнале во тоа.

– Кога бев помлада, не се занимавав со спорт, само внимавав што јадев. Отсекогаш сум ги слушала советите на баба ми, која беше танчерка и јадеше мали оброци на секои два до три часа. Отсекогаш сум внимавала јаглехидратите и протеините да бидат во еден оброк со големина на дланка, додека зеленчукот да биде во поголеми количини. Во триесеттите години започнав да спортувам, скијам и тренирам карате. А, пред 10 години почнав да кревам тегови и тоа ми помогна да изгледам вака денес – тврди таа, додавајќи дека е „свесна дека нејзината кожа не изгледа како да има дваесетина години, но дека нејзината фигура и тонусот на мускулите се многу подобри“.

Таа вели дека ова се правилата што и помогнале:

– Се мерам секој ден. Кога ќе видам колку килограми имам секој ден, полесно е да се утврди дали прејадувам. Јадам на секои два до три часа, а еднаш неделно имам ден кога јадам се што сакам. Спијам осум часа секоја вечер, вежбам секој ден, одвојувам време секој ден да бидам сама во природа. И на крајот, секогаш позитивно пристапувам кон работите – заклучува таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This