дома Свет (Фото+Видео) Нeзaпaмeтeнa cнeжнa бypa вo САД: Нacкopo нaлeти нa вeтep oд 155...

(Фото+Видео) Нeзaпaмeтeнa cнeжнa бypa вo САД: Нacкopo нaлeти нa вeтep oд 155 килoмeтpи нa чac и тeмпepaтypи дo -37 cтeпeни

Бурата која започнала со снег, силен ветар и ниски температури на истокот на Дакота и западот на Минесота, тргнала на исток, значително отежнувајќи ги патувањата во тој дел на САД.

Има и предупредувања за виулици додека службениците на Националната метеоролошка служба предвидуваат температури од дури 37 степени Целзиусови под нулата, под притисок на удари на ветар од повеќе од 155 км/ч, пренесува “AP”. Неколку автопати се и затворени.

“Зимата пристигна во тоа подрачје”, рекол Грег Гаст, метеоролог од временската служба во Гранд Форкс во Северна Дакота.

Тој додал дека очекува снег од најмалку 20 центиметри. Најтешкиот налет на ветер бил 100 км/ч во Фарго, рекол Гаст.