дома Свет (Фото+Видео) Претседателот се yпaти на фpoнтот: Macoвна OФAH3ИВА на Ерменската apмиja

(Фото+Видео) Претседателот се yпaти на фpoнтот: Macoвна OФAH3ИВА на Ерменската apмиja

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акрун Хованисјан, објави дека Азербејџан повторно користи касетни бомби за гранатирање на Нагорно Карабах.

Претходно, Хованисјан изјави дека азербејџанската армија префрли нови сили во Нагорно Карабах и e во офанзива. Министерството додаде дека ерменските сили собориле три азербејџански воени авиони.

„Жестоки битки се водеа вечерва“, напиша Хованисјан на Фејсбук.

Портпаролот на Министерството Сузан Степањан прецизираше дека борбите се водени во северните и јужните насоки на контактната линија.

„Непријателот концентрираше големи сили на овие крилја и тргна во офанзива. „Ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот, нанесувајќи му големи загуби“, рече Степанјанова на Фејсбук.

Од своја страна, претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах, Араик Арутијан, рече дека се упатил кон фронтот заедно со единиците на специјалните сили.

https://www.youtube.com/watch?v=qaqjcibpr0Y