дома Македонија (ФОТО+ВИДЕО) Пaднa пpвиот снег во неколку мecта низ Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) Пaднa пpвиот снег во неколку мecта низ Македонија

Денешното студено време, придонесе на дел од планините низ Македонија да се појави и слаб снег. Ова го најави и Хидрометерелошкиот завод на Македонија.

Така првиот снег во Македонија, попладнево падна во Маврово, Нижеполе и Пелистер, а врнежи со послаб интензитет се забележани во неколку градови.

Во пониските места се можни појави на слаб дожд попладнево.

За утре прогнозите се исто така студено време, само со слаб до умерен ветер од северен правец.