(Фото+Видео) Пaниka во Данска: Бpyтaлeн y6иeц нa нoвинapкa пoбeгнa oд зaтвop и ce зakaнyвa co 6omбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данскиот пронаоѓач Петер Мадсен, кој е осуден за бруталното убиство на шведската новинарка Ким Вал во својата подморница, се обиде да побегне од затвор во Данска во кој служи доживотна казна.

Мадсен наводно поминал покрај затворските чувари тврдејќи дека кај себе има бомба, пренесува британски Експрес.

Медиумите кои се на самото место пренесуваат дека полицијата го опколила и дека патот е блокиран.

Неколку снајперисти наводно се наоѓаат во близина на затвореникот, а тое е на неколку стотина метри пред затворот во предградие на Копенхаген.

Медиумите пренесуваат дека Масен околу стомакот носи „предмет што личи на ремен“, а на самото место се наоѓаат и експерти за деактивирање на бомоби.

Според последните информации, Мадсен е уапсен брзо по бегството.

На објавните фотографии се гледа како Мадсен седи покрај ѕидот, додека околу него се чувари.

Инаку, Мадсен во април 2018 година е осуден на доживотен затвор за убиството на шведската новинарка Ким Вал во подморницата од сопствено производство, во 2017 година. Мадсен тогаш одлучи дека повеќе нема да се жали пред врховниот суд за пресудата, со што таа стана конечна.

Во текот на судењето Мадсен тврдеше дека смртта на новинарката во неговата подморница била несреќен случај, но призна дека го распарчил нејзиното тело и деловите ги фрлил во море.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This