дома Балкан (Фото+Видео) Пoплaви вo нeкoлкy oпштини во Србија: Пpoглaceнa e вoнpeднa cocтojбa, нaceлeниeтo...

(Фото+Видео) Пoплaви вo нeкoлкy oпштини во Србија: Пpoглaceнa e вoнpeднa cocтojбa, нaceлeниeтo eвaкyиpaнo..

Поради обилни врнежи од дожд во неколку општини во Србија е прогласена вонредна состојба, а 24 лица се евакуирани од поплавени објекти. Вонредна состојба е прогласена во Ниш, Лесковац, Бојник, Власотинци…

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи вчера евакуирале 34 лица од објекти кои биле поплавени откако се излеале реки.

Според хидролошката состојба, моменталната состојба на водостоите на реките и состојбата на заштитните објекти, прогласена е вонредна одбрана од поплави на Водните единици „Јужна Морава-Врање“ и „Нишава-Ниш“.

Српските медиуми јавуваат дека надлежните служби и спасувачки екипи се на терен и работат на евакуација на лицата, таму каде што е потребно, како и на првична санација на штетите од поплавите.