(Фото+Видео) Bpие на северот на Косово: Српски тенкови на самата граница, летаат мигови наopyжани со ракети, има и трупи и хеликоптери на КФОР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војниците на КФОР се појавија во близина на административниот премин Јариње, каде што припадниците на специјалните единици на косовската полиција се стационирани веќе осум дена, пренесува Косово онлајн.

Тоа се американски, полски и канадски војници во рамките на мисијата на КФОР на Косово и Метохија, според порталот.

Хеликоптери на КФОР во два наврати во последниот час прелетаа над Јариње и Брњак, како и на северот на Косово и Метохија, јавува известувачот на РТС.

КФОР известува дека „внимателно ја следат ситуацијата на целото Косово и дека го зголемија бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и на северт“.

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата низ Косово и останува фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година – за да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово. „КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово“, велат од КФОР.

На границата е забележан и и воен авиот од српските воздухопловни сили со две ракети воздух-земја АГМ-65 Маверик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This