дома Македонија (Фото+Видео) Ceчa нa дpвa вo близинa нa ceлaта Селци и Буринец –...

(Фото+Видео) Ceчa нa дpвa вo близинa нa ceлaта Селци и Буринец – житeлитe зaгpижeни пopaди мoжни одpoни и пoплaви

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа загрижувачки фотографии кои прикажуваат како исечени дрва на патот помеѓу селата Селци и Буринец претставуваат опасност врз мештаните поради закана од одрони и од провалијата каде што се сечат дрвата.

Имено, како што може да се види на фотографиите, голема површина на сеча на дрва претставува сериозен проблем кој што им пречи на жителите да поминуваат покрај овој пат со ризик дека некоја несреќа би можела да се случи.

Според нашите информации, жителите на овие две села имаат големи проблеми за да стигнат до куќите, бидјеќи нивната безбедност е загрозена поради опасност од поплави и одрони поради соголениот шумски појас.

Овие села се наоѓаат после Дебар, преку мостот кај Глобочица.

Жителите од овие села исто така испратиле и барање до општината, но, за жал, одговор се уште нема.

https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/11/drva-1-1.mp4

https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/11/drva-2.mp4

https://infomax.mk/e139e134-5300-4f68-b195-f8b91ece5db4