дома Македонија (Фото+Видео) Eдвaj ce пpeхpaнyвaaт, a живeaт и бeз cтpyja: Caмoхpaнa мajкa oд...

(Фото+Видео) Eдвaj ce пpeхpaнyвaaт, a живeaт и бeз cтpyja: Caмoхpaнa мajкa oд Охрид co тpи мaлoлeтни дeцa бapa пoмoш

31 годишната Марија Шиникоска од Охрид самохрана мајка на три малолетни деца едвај врзува крај со крај. Во трошна куќа со влага, руинирана, прокисната и без струја веќе месец и половина прежувава охриѓанката. Таа со солзи во очите пред камерата на Сител вели дека од својата плата и детскиот додаток кој го добива неможе само да ги прехрани своите деца но и да ги плати сметките кои од ден во ден се натрупувале. Куќата во која моментално живеат е од нејзина пријателка која и ја дала да ја користи за да има кров над глава бидејќи неможе да плаќа кирија но условите се катастрофални без основни елементарни услови за живот.

Децата често се разболувале поради влагата каде моментално живее.

Оставена сама на себа помош и е нејзината шест годишна ќерка која и помага и ги чува 4 годишната сестра и две годишното братче.Единствената желба на ово скромно девојче кое половина час пешачи за да стигне на училиште и покрај тоа што нема никакви услови и на свеќа се труди да ги напише своите домашни задачи е да има своја топла детска соба без влага каде ќе може да учи.

Марија апелира до надлежните институциите за помош.Младата мајка бара топол скромен дом за неа и нејзините три малолетни деца за еден достоинствен живот.