дома Свет (Фото+Видео) Macakap вo Атланта: У6ил ocyм лицa вo caлoни зa мacaжa

(Фото+Видео) Macakap вo Атланта: У6ил ocyм лицa вo caлoни зa мacaжa

Најмалку осум лица се убиени во три напади кои вчера се случија во салони за масажа во Атланта.

Првиот напад во кој четири лица се убиени, а две ранети се случил вчера попладне во салон за масажа лоциран околу 50 километри од Атланта. Набрзо во уште два напади убиени се четири лица во два салони за масажа во Атланта, соопшти локалната полиција.

Медиумите јавија, а конзулатот на Јужна Кореја потврди дека четирите жртви од вторите два напади се жени со азиско потекло.

Возилото на осомниченото лице било идентификувано, а по потрагата тој бил фатен откако полициско возило удрило во неговиот автомобил за да го запре.

Осомничен е 21 годишниот Роберт Арон Лонг, тој е уапсен на околу 240 километри јужно од Атланта.

Статус на Твитер може да погледнете ТУКА.

-Голема е веројатноста дека ист напаѓач учествувал во сите три напади во кои убиени се 8 лица, изјавил портпаролот на полицијата во Атланта.