(Фото+Видео) Taлибaнци кaмшикyвaлe aвгaниcтaнcки нoвинapи бидejќи извecтyвaлe зa пpoтecтoт нa жeнcкитe пpaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанските милитанти физички малтретираа најмалку двајца авганистански новинари од популарен локален весник во Кабул, бидејќи известувале за протестот на активистките за женски права, јави ДПА.

– Траги од десетици кабли и камшици се на лицата и главите на двајцата колеги од Етилаатроз. Ги донесовме во канцеларија слаби и во состојба на летаргија, напиша на Твитер Заки Дарјаби, издавач на Етилаатроз, истражувачки онлајн и печатен весник.

Видео може да погледнете ТУКА.

Милитантите претходно во Кабул кусо време приведоа пет новинари од весникот.

Фотографиите и видеата што ги сподели Дарјаби покажуваат како двајца од новинарите, помодрени од тепање, едвај одат или зборуваат по нивното ослободување.

Објава може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This