April 25, 2024, 12:36 pm

(Фотогалерија) Глобал изгope поради нeиcпpaвни новогодишни светилки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма во касните вечерни часови се случуваше во трговскиот центар Глобал. Околу 23 часот избувна пожар во трговскиот центар во Струмица, а причините се се уште непознати. Неофицијално се работи за неисправна електрична инсталација, поточно новогодишни светилки се причина за пожарот.

Речиси целиот прв спрат од трговскиот е пеплосан, додека одредени дуќани се недопрени од пламените јазици, а се претпоставува дека причината за тоа е добрата изолација. Иако пожарот директно не ги зафатил овие објекти, миризбата е неподнослива и веројатно и овие дуќанџии ќе имаат штета која ќе мора да ја санираат, а во наредните денови целиот трговски ќе биде затворен.

Околу 5 часот утрината пожарникарите се уште се борат со пламените јазици кои се во помал интензитет, но не смеаат да дозволат да ризикуваат и да дозволат пожарот повторно да избувне.

Полицијата и натаму го обезбедува периметарот околу трговскиот, а центарот на Струмица е се уште затворен.

На лице место екипата на Инфомакс имаше инцидент со полицијата која не спречуваше во извршувањето на работатата, под изговор дека не смее да се нарушува однапред воспоставениот периметар околу опожарениот објект.

Пожарникарите на терен посочуваат дека објектот имал несоодветна противпожарна заштита, а немало, или не работел ниту еден хидрант во „Глобал“.

На 1 февруари 2006 година Општина Струмица носи одлука за реконструкција и надградба на Градското пазариште за што до Бирото за јавни набавки поднел известување дека ќе спроведе тендер за изградба на трговски центар на ова место.

Со јавно-приватно партнерство на две фирми им било дадено земјиштето на кое се наоѓал стариот пазар. За изградбата, Општината експресно издава дозвола за градба, а фирмите што го добиле тендерот веднаш почнале да градат.

Во текот на изградбата на трговскиот центар во 2006 и 2007 година во неколку наврати државниот управен инспекторат увидел дека дозволата за градба не е законска и ја поништува (за земјиштето, кое инаку е во државна сопственост, биле иницирани постапки за денационализација).

 Државниот управен инспекторат во март 2007 година носи решение со кое им наредува на Општината и на инвеститорите да ја прекинат градбата, но Заев ги игнорира ваквите налози. Објектот со огномет на 1 јули 2008 година како капитална инвестиција на градот го отвори тогашниот претседател на државата и доскорешен сопартиец на Заев, Бранко Црвенковски. По две недели, Заев со своите општински соработници, како и газдите на фирмите што го градеа „Глобал“, завршија во притвор.

На 3 август 2008 година Црвенковски го искористи своето дискреционо право да ги помилува сопартиецот Заев и неговите соработници и да го прекине кривичното гонење против нив.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/187676683039281

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This