дома Занимливости Фотографија на денот: Црвени кругови во училишниот двор

Фотографија на денот: Црвени кругови во училишниот двор

Училиштата во Пакистан се затворени од март. Со оглед на намалениот број на инфекции од коронавирусот, на милиони ученици сега им е дозволено повторно да учат во училиште- секако со неопходната физичка дистанца.

Последни подготовки за учебната година во време на коронавирурот: Црвените кругови во училишниот двор би требало да им помагаат на учениците во пакистанските училишта да ја одржуваат неопходната безбедносна дистанца за време на одморите. По затворањето на училиштата во март, учениците сега се враќаат на настава. Пакистанската влада донесе одлука за повторно отворање на училиштата со оглед на константниот пад на бројот на инфекции.