дома Занимливости ФОТОГРАФИЈА ШТО ГИ ПРЕПЛАШИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ:Ајкула под брод полн луѓе – момент...

ФОТОГРАФИЈА ШТО ГИ ПРЕПЛАШИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ:Ајкула под брод полн луѓе – момент кој ретко се доживува

Фотографијата на која огромна ајкула плива под брод полн луѓе, неодамна предизвика хаос на социјалните мрежи. Сепак, најчесто поставувано прашање е дали ова е навистина возможно или станува збор за оптичка илузија.

Неверојатната фотографија која ја направил фотографот Том Канон, настанала во близина на брегот на Западна Австралија. Канон и неговиот пријател Сем Лоренс, кој се занимава со истражување на морињата, но и фотограф, основале компанија под името “Ocean Collective Media” која се занимава со промовирање на дивиот свет.