дома Македонија (Фото)ГРУЕВСКИ НОСИ СТРАНСКИ ИНВЕСИЦИИ ВО УНГАРИЈА: Во друштво на бринета со длабоко...

(Фото)ГРУЕВСКИ НОСИ СТРАНСКИ ИНВЕСИЦИИ ВО УНГАРИЈА: Во друштво на бринета со длабоко деколте, Груевски донесе инвеститор во Унгарија

Екс премиерот Никола Груевски повторно е актуелен во медиумите, поради фотографија која е објавена на Фејсбук на настан организиран од позната унгарска компанија, фотографија на која Груевски е во убаво друштво.

Сепак обидите на провладините медиуми од овој настан да направаат некаков си ckaндал не може да бидат успешни, поради фактот што Груевски е фотографиран со една од хостесите. Настанот е организиран од страна на унгарската компанија ИТЛ консалтинг која нуди консалтинг услуги, поточно се занимава со услуижни дејности за компании кои сакаат да инвестираат во Унгарија.

Иако некој од медиумите сакаат да се фокусираат на деколтето на хостесата сепак овој дефокус не поминува. Очигледно е дека Груевски е таму поради неговото искуство во економијата, и фактот што е најзаслужен за економското чудо кое се случи во Македонија за време на неговото владеење.

Имено невработеност падна за неверојатни 14 проценти, а странските инвестиции кои неретко Груевски ги договараше лично отворија повеќе од 50 илјади работни места. Ваквите настани речиси секој пат се организираат преку лична покана, па така многу веројатно е Груевски дека бил лично поканет да даде свој придонес на ваквиот настан.