дома Актуелно (Фото)Езерото Матка испразнето, загрозена енергетската стабилност но и флората и фауната

(Фото)Езерото Матка испразнето, загрозена енергетската стабилност но и флората и фауната

Весна Кираџиева, кандидатката за градоначалник на Општина Аеродром од политичката партија Левица, на социјалните мрежи објави слики од Матка, скоро и да е во непрепознатливо издание. Водата во браната е испуштена под дозволеното ниво.

„Браната на Матка е испуштена далеку под дозволеното ниво подолг период. Сликите и видеото се од утринава, ми ги пратија клубските другари од НК Врело. Нашата колиба која ја гледате на сликата е во близина на влезот на пештерата Врело, многу подолу од она кое вообичаено повеќето туристи го гледаат околу Св. Андреја (ви имам претходно постирано слики и видеа). Дотука се стигнува со чамец, ама како што гледате, вода има до глуждови. Импровизираните скали исто така, во нормални услови се скоро целосно под вода“, се вели во статусот на Кираџиева на фејсбук.

„Само да истакнам дека нивната НЕСПОСОБНОСТ која нè доведе до енергетска криза го загрозува и екосистемот и мирот на бројни невини ендемски видови, не само сметките, буџетот на државата и долговите до гуша. Ако има пекол, за ова сите ќе одиме во пеколот. Ние го толерираме криминалното, неспособно злото кое нè доведе до тука, ние не превземаме ништо, сите ние вртиме поглед на другата страна, кога погледот не е убава глетка, за да не се замериме со некој, пошто некој може да ни се налути ако укориме, покажеме со прст или побараме ОДГОВОРНОСТ“, стои во нејзиниот пост!