Владата денеска ќе ги задолжи граѓаните за нови 130 милиони евра. Имено, на денешната аукција на државни хартии од вредност ќе се повлече износ од 8.000.000.000 денари.
Ова е само едно од низата задолжувања кои ги прави Владата и Министерството за финансии додека капиталните инвестиции заклучно со месец Јануари според извештајот се катастрофални 1, 09 %.
Според експертите ваквата состојба каде задолжувањата вртоглаво растат додека капитални инвестиции нема е алармантна и опасна.