дома Локално (Фото)ОПШТИНАРИТЕ ОД КАРПОШ КАКО „СТОКА“: Сите на куп на систематски преглед

(Фото)ОПШТИНАРИТЕ ОД КАРПОШ КАКО „СТОКА“: Сите на куп на систематски преглед

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев уште еднаш го покажа својот нечовечен однос на дело према вработените во општинската администрација.

Имено, сакајќи набрзина да го спроведе систематскиот преглед на вработените, кој е законска обврска тој го организирал прегледот во ходникот во О.У. „Лазо Трповски“.

Сите вработени и мажи и жени ќе бидат подложени на преглед во отворен простор без интима, а сепак во прегледите се предвидени и проверки на интимни делови.

Револтот на вработените „третирани како стока“ ексалирал кога дознаеле дека просторот каде што ќе се вршат систематските прегледи, всушност е холот во училиштето.