дома Актуелно (Фото)ПОРШИЊА, ПАСАТИ, АУДИ: Министрите и пратениците пред камери глумат скромност, се возат...

(Фото)ПОРШИЊА, ПАСАТИ, АУДИ: Министрите и пратениците пред камери глумат скромност, се возат во возила од 150.000 евра!

Министрите на СДСМ се лицемерни пред македонската јавност. Тие сакаат пред народот да се претстават како скромни кои одат пешки и се возат во комбе, а во реалноста се луксузираат и се возат во лимузини и скапи автомобили како Порше.

Пред камерите и апаратите, министрите од Владата на СДСМ манипулативно се возат во комбе, претставувајќи слика во јавноста дека се возат во комбе.

 

Фотографија од возењето објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на неа се гледаат министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески и најбогатиот член на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во возилото се и членови на Владата на Бугарија, меѓу нив и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Министерот за финансии Тевдовски чиј мандат го одбележуваат штетните политики, пред медиумите се пофали дека на работа оди пешки.

Реалноста е далеку од овие слики кои тие сами за себе ги креираат пред граѓаните.

Министрите во Владата на Зоран Заев уживаат огромен луксуз. Тие се возат со премногу скапи автомобили.