дома Временска Прогноза (Фото)ХАОС ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ОХРИД: Растурени продавници, искршени влезови, хаос во домовите...

(Фото)ХАОС ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ОХРИД: Растурени продавници, искршени влезови, хаос во домовите на охриѓани по силниот земјотрес!

Напукнати ѕидови и расфрлани предмети од балконите се јасно видливи на фотографиите кој светскиот сервис за известување за земјотреси ги објави во врска со попладневниот земјотрес во Охрид кој беше со јачина од 5 степени и се почувствува дури и во Скопје.

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 3.7.2017 год., регистрира силен земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 10км источно од Охрид. Земјотресот се случи во 13 часот и 18 минути и беше со Рихтерова магнитуда 5,0.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската Макросеизмичка Скала. Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји. Податоци за материјлни штети се уште не се пријавени во сеизмолошката опсерваторија.

 

 

Два земјотреса беа почувствувани и рано изутрината во охридското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, земјотресите од оваа серија, која започна од 18 јуни, освен вознемиреност кај населението во охридското епицентрално подрачје, не предизвикале материјални штети.