(Фото) Анкета: Убeдливa пoбeда на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Аepодром и Ѓорче Петров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институтот „АКСИОС“ го објави и четвртиот дел од спроведената анкета во врска со локалните избори. Резултатите покажуваат победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и во Битола, Аеродром и Ѓорче Петров.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Битола, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.6% од испитаните граѓани. Зад Коњановски е кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски за кој довербата ја дале 19,1% од граѓаните.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Аеродром покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,2% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски за кого 18,9% од испитаниците кажале дека ќе гласаат за него.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Ѓорче Петров покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,8% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Наумоски за кого 19,2% од испитаниците кажале дека ќе гласаат за него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This