дома Македонија (Фото) АПЕЛИРАШЕ ДА СЕДИМЕ ДОМА: Генсекот на СДСМ сега луфтира мозок на...

(Фото) АПЕЛИРАШЕ ДА СЕДИМЕ ДОМА: Генсекот на СДСМ сега луфтира мозок на Беровско езеро

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николоски преку видео на својот Фејсбик профил вчера ги убедуваше граѓаните да останат дома додека трае нелогичниот карантин воведен од неговата власт.

Откако речиси 15-тина минути тој го „читаше“ тоа што го зборуваше пред граѓаните, на друга социјална мрежа објави како ужива далеку од својот дом наместо да седи во изолација како што им апелираше на сите граѓани.

Тој на својот Инстаграм профил сподели дека е во Берово.

„Совет од другарка ми- оди напред, полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, стои во неговиот пост на Фејсбук.