дома Актуелно (Фото) Беса Транс има добиено милиони денари од државата: Превезувале деца од...

(Фото) Беса Транс има добиено милиони денари од државата: Превезувале деца од школска и претшколска возраст – само од Владата имаат земено половина милион денари за две години

Името на компанијата „Беса Транс“ е актуелно во македонската јавност откако 45 лица ги загубија своите животи во големата трагедија на автопатот Струма во Бугарија.

Превозот на патници и аранжманот на патувањето беше организиран од страна на „Беса Транас“ или како што гласи целосниот назив на компанијата Друштво за транспорт, производство, промет и услуги БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт-импорт Рашче Скопје.

Доколку направиме кратка проверка на компанијата на страницата Отворени Финансии ќе видиме дека компанијата „Беса Транс“ зела неколку милиони денари од државата во период 2010 година до денес за транспортни услуги.

Само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса Транс“ легнале повеќе од половина милион денари.

Покрај 100-тиците илјданици денари од Влада Беса Транс, огромни суми на контото на компанијата легнале од општините, односно од градоначалници и раководни кадри на ДУИ и СДСМ.

Преглед во податоците можете да направите тука.