дома Актуелно (Фото) Богдановиќ ги затрупа центарци: Вечерва тензично во Капиштец била повикана и...

(Фото) Богдановиќ ги затрупа центарци: Вечерва тензично во Капиштец била повикана и полиција

Во скопската населба Капиштец, улицата „Козара“, се градат уште неколку згради при чија изградба почитуваат никакви норми и стандарди. Градежната локација не е соодветно одбележа, нема ознака со инвеститор, ниту пак е поставена заштитна ограда. Граѓаните немаат каде да паркираат, бидејќи улицата е блокирана со градежна механизација. Градежните работници, работат до доцна навечер со што го прекршуваат јавниот ред и мир и ги вознемируваат локалните жители со вревата и бучавата на градежните машини. Покрај тоа, при работата била срушена бандера, како и дел од паркинг, а биле оштетени и неколку возила. Дополнителен проблем е прашината која ја дишат граѓаните.

Граѓаните, во знак на протест, денес со автомобили ја блокираа механизацијата на градежната фирма. Набргу потоа пристигна и полиција, а се појавија и инвеститорите.

Граѓаните не сакаа да зборуваат пред камера, но за Инфомакс изјавија дека побарале помош од општина Центар и од Министерство за транспорт и врски, но не добиле повратна реакција.

„Ние се јавувавме во Општина Центар, кај инспектори, не мрдаат со прст. За што е општината за да служи на граѓаните, или само на нив им кога им е од интерес да се гласа за избори“, реагира револтиран граѓанин.

На истата улица се градат уште четири други згради, поради што, како што изјавуваат граѓаните, невозможно е да се живее од вревата и бучавата.

Ваквото градење е секојдневие во град Скопје. На секој чекор никнуваат згради, во градот владее урбанистички хаос. Скопје се претвора во бетонска џунга, на сметка, за жал, на големи зелени површини.

https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/09/kapistec_zgrada_1.mp4
https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/09/kapistec_zgrada_.mp4