April 24, 2024, 10:43 am

(Фото) Британските археолози за прв пат открија останки на pacпнат човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британските научници ги проучувале останките на лице откриено во 2017 година во селото Фенстантон (Кембриџшир) и заклучиле дека тој бил погубен со распнување.
Станува збор за скелет на лице високo 170 сантиметри и на возраст од 25-35 години, во чија петица бил забиен железен клинец. Радиојаглеродното датирање покажа дека тој починал помеѓу 130 и 337 година од нашата ера – за време на владеењето на Римската империја во модерна Англија.
Во близина на телото биле пронајдени фрагменти од дрвена конструкција. Според научниците, ова откритие е првиот доказ за распнувањето на луѓето во Велика Британија.

„Всушност, ова е првпат да најдеме физички докази за распнувањето за време на археолошките работи“, коментира водачот на ископувањата Дејвид Ингам.
Иако оваа егзекуција обично се поврзува со христијанството, археолозите не веруваат дека во овој случај има некаква поврзаност со религијата. По истражувањето, дојдоа до заклучок дека овој роб веројатно не бил распнат на крст, но на некои други изградба, според “Дејли мејл”.

Научниците дошле до овој заклучок откако не пронашле други клинци во скелетот. Освен тоа, можно е да имало две штици: едната била закована, а другата врзана.

Според археолозите, шајката што минува низ петицата најверојатно требало едноставно да го имобилизира робот, но не и да ја издржи неговата тежина. Зошто е подложен на ваква казна се уште не може да се знае.
Дејли мејл истакнува дека во антички Рим криминалците, државните непријатели, пиратите, робовите и другите луѓе со низок социјален статус обично биле егзекутирани со распнување . Римското право, исто така, предвидувало дека ако еден од робовите го убил сопственикот, тогаш сите робови на оваа личност, вклучително и жени и деца, исто така мора да бидат погубени.

Распнувањето беше главната форма на смртна казна во Римската империја сè додека не беше забрането за време на владеењето на Константин Велики (306-337 н.е.).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This