(Фото) Брнз попладнево во посета на Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, попладнево, заедно со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, посетија неколку локации во градот, при што беа откриени и две спомен обележја.

-Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920. Мери Метјуз ќе биде запаметена како една од хероините која наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња, стои на спомен плочата, која свечено беше откриена од страна на градоначалничката Петровска и амбасадорката Брнз на локацијата, на која за време на Првата светска војна, постоеше американското училиште.

На локацијата, која претставува дел од старата градска архитектура, сместена во централното градско јадро, како објект од културно значење, беше направен краток осврт за делувањето на оваа мисионерка, од страна на Јове Парговски, вработен во Завод и музеј Битола.

Пред Американското катче, амбасадорката и градоначалничата Петровска, заедно со директорката на Завод и Музеј Мери Стојанова и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илиевски, се сретнаа со ансамбл од САД, кој настапува на фестивалот „Илинденски денови“.

Во паркот кај Градскиот часовник, беше откриено спомен обележје на првата американска болница во Битола, која постоела за време на Првата светска војна. На настанот присуствуваа и претставнци на Општинската организација на Црвениот крст Битола, како симбол на поддршката која во тоа време ја дал Црвениот крст.

-По завршувањето на Првата светска војна, двете докторки од САД, познати како Ангелите од Битола, д-р Регина Флод Кејс и д-р Францис Мабел Флод, ја отворија првата американска болница во Битола, раководена од жени, со поддршка на Црвениот крст за да му помогнат на локалното население. Мотото на американската мисија беше: „Успеавме да ја добиеме војната, сега мораме да го добиеме мирот“, пишува на спомен обележјето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This