дома Актуелно (Фото) Бугарите во паниka: На амбасадорот на Бугарија во Вашингот му пиша...

(Фото) Бугарите во паниka: На амбасадорот на Бугарија во Вашингот му пиша Конгресот – еве што пишува во писмото

Конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД испратија писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев, од кого побараа да се реши билатералниот спор со Македонија, за да може државата да ги почне преговорите со Европската Унија до крајот на годината.

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група.

Членовите на Конгресот, меѓу кои демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг и републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, напишаа дека се свесни оти „покрај тоа што Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, останува спорот меѓу вашата држава и Македонија, што ги спречува Албанија и Македонија да ги почнат тие разговори“.

Во писмото се додава и дека натамошното одложување на прогресот на Македонија и Албанија кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.

„Веруваме дека евентуалното ЕУ членство на Македонија и Албанија е клучно за долгорочните мир и стабилност во балканскиот регион и за целата трансатлантска заедница“, пишува во писмото на конгресмените до бугарскиот амбасадор во Америка.