дома Македонија (Фото) БPУKA HEBИДЕНА: Како стотици за 3 часа станаа 10 илјади на...

(Фото) БPУKA HEBИДЕНА: Како стотици за 3 часа станаа 10 илјади на мapшот на СДСМ

Весникот Слободен Печат кој минатата недела доби 236 илјади евра како финансиска помош од владата за своето печатено издание за три часа на своето интернет издание ја смени својата оценка за бројот на учесници на маршот за правда на СДСМ.

Од првичните неколку стотини граѓани во првиот извештај за маршот бројот на учесници се зголеми на околу 10 илјади по 3 часа.

Слободен печат не направи измена на своите извештаи и се уште на нивниот сајт стојат дијаметрално спротивни бројки за ист настан.

Втората бројка за маршот дојде откако СДСМ објави дека на маршот учествувале 15 илјади луѓе иако независни набљудувачи тврдат дека вистинската бројка е меѓу 3 и 4 илјади луѓе.

Слободен Печат важи за медиум што ги поддржува политиките на СДСМ и за близок на српското лоби во владата.

Во најновиот видео проект на весникот кој се емитува на интернет учествува голем дел од екипата што работеше за 1ТВ како Сашо Ордановски и Александар Чомовски и неколку помалку познати новинари.

Предходно Заев јавно во контекст на затварањето на 1тв призна дека тие работеле во медиум близок на СДСМ односно провладин медиум.

Извор: Експрес