дома Хроника (Фото-видео) Се зaпали автомобил во движење на скопската обиколница

(Фото-видео) Се зaпали автомобил во движење на скопската обиколница

Попладнево на скопската обиколница, во движење, се запалило возило „опел мерива“. Возилото сѐ уште гори, но за среќа нема повредени; пренесува Слободен печат.

Граѓаните кои застанале да му помогнат на возачот велат дека повеќе од 30 минути чекале да дојде пожарна.

На местото на настанот предмалку пристигна противпожарно возило. Пожарникарите го изгаснаа пожарот во тоа што остана од возилото, но и запалената сува трева која изгоре крај патот.

Видео и фотографии од инцидентот можете да погледнете на Слободен печат