дома Македонија (ФОТО) ВЛАДАТА УШТЕ ЕДНАШ ПОКАЖА КАКО СЕ ОРГАНИЗИРА ЖУРКА: Осамна бината во...

(ФОТО) ВЛАДАТА УШТЕ ЕДНАШ ПОКАЖА КАКО СЕ ОРГАНИЗИРА ЖУРКА: Осамна бината во дворот на Владата по повод денот на незавосност

По повод денот на независноста, Владата на Република Македонија како и секоја година претходно организираше прослава. Не изостануваше боагатиот музички репертоар со кој граѓаните требаше да се веселат и да го прослават овој посебен ден. Се беше според планираното освен најважното, публика и гости речиси и да немаше.

Едвај двестотини граѓани дојдоа на прославата организирана од страна на Владата по повод денот на независноста. За разлика од минатото кога десетици илјади граѓани доаѓаа заедно да се забавуваат, прославуваат и пеат, оваа година таа атмосфера ја немаше.