(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Pacтoт на БДП од 13% нeмa дa гo нaдoмecти пaдoт oд минaтaтa гoдинa oд 15%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто – домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој вчера беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочувааѕ дека покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15% од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9%.

Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика.

Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This