дома Спорт (Фото) Во одлична атмосфера и форма – Репрезентацијата на утрински тренинг пред...

(Фото) Во одлична атмосфера и форма – Репрезентацијата на утрински тренинг пред натпреварот со Австрија

Македонската репрезентација која се наоѓа во Букурешт, професионално се припрема за првиот натпревар во историјата на македонскиот фудбал на Европското првенство.

Во недела Македонија ја започнува својата фудбалска приказна на првиот натпревар против репрезентацијата на Австрија. Во изминатите неколку дена македонската репрезентација одржа неколку тренинзи, а она што ги израдува навивачите е добрата форма на Енис Барди кој беше позитивен на Ковид 19 само неколку недели пред првенството.

Тренерот на репрезентацијата, Игор Ангеловски заедно со репрезентативците и прават видео-анализи на противниците во групната фаза.