дома Актуелно (ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ.

Според државната телевизија на Србија РТС министерот за одбрана Александар Вулин смета ова е недозволиво.

Позирање пред симболи на терористи кои се неспорно криви за убиства на стотина цивили, жена и децa и зборување дека така се служи на граѓаните не е ништо помалку лицемерно отколку да се сликате под знамето на Исламската држава и да говорите за верска толеранција.”

Вулин во пораката до македонската колешка прашува зошто Шекеринска не се слика пред кукаст крст односно нацистичкиот симбол Свастика или знамето на усташката држава НДХ и не каже дека тоа е ретро моден правец.