дома Актуелно (Фoтo галepиja) Aлбaнckи знamињa и бapaње зa Голema Aлбaниja го пpeплавиja Cкопje:...

(Фoтo галepиja) Aлбaнckи знamињa и бapaње зa Голema Aлбaниja го пpeплавиja Cкопje: Ha пpoтecтантите за „Moнcтpyм“ нe им е дoзвoлeн пpиcтaп пpeд OJO

Неколку илјади граѓани во моментов протестираат против барањето на Фатиме Фетаи за доживотна казна затвор за терористите од Монструм, толпата слушајќи ги паролите е гневна и поради фактот што Зоран Заев ветуваше некаква друга алтернативна вистина за случајот.

Паролили како „Етничка Албанија“ и УЧК ечат на протестите организирани од фамилиите на обвинетите терористи за случајот „Монструм“.

Групата протестанти се упати кон Основното јавно обвинителство но полициски кордон не им дозволи на протестантите да стигнат до крајната дестинација ОЈО и истите се приморани да застанат кај министерството за надворешни работи.

Протестантите упатуваат навредливи пароли и кон специјалната јавна обвинителка, која ја нарекоа „к*рва“.

Бедри Хајдари, e роднина на обвинет во случајот „Монструм“ тој на протестот извади карта на Голема Албанија и албанско знаме, а побара разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, во својот говор на протестот .

„Денес сме тука да го кренеме гласот на Албанците за фер и функционални институции. Сите факти докажуваат дека станува збор за монтиран и политички случај. Оттука упатуваме јавен повик да разјасниме дека ние како семејство и како Албанци не сме ги образувале нашите семејства да предизвикуваат масакр и убиства “, рече Хајдари.