дома Политика (Фото) Гopи механизација во механизацијата во РЕК Осломеј

(Фото) Гopи механизација во механизацијата во РЕК Осломеј

На сликата гледаме како гори дел од механизацијата во РЕК Осломеј. Нема информации која е причината што го предизвикала пожарот, но багерот е во пламен повеќе од еден час и сеуште нема интервенција од противпожарната служба за гасење на пожарот и превенција од ширење на истиот. Исто така нема информација дали е некој од вработените повреден, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Крајно недозволиво е ова што се случува со механизацијата во РЕК Осломеј. Негрижата за техничката исправност на механизацијата и нејзиното секојдневно користење како таква, е единствена причина за избувнување на пожарот. Со тоа, не само што имаме опожарена и уништена механизација, туку во опасност по својот живот се ставени операторите и останатите вработени во РЕК Осломеј. Со РЕК Осломеј раководи неспособен тим кој незнае што треба да превземе во случај на пожар, затоа што и по повеќе од еден час од кога е настанат пожарот, нема реакција од раководството за санирање на истиот, сеуште нема противпожарни екипи на самото место. Раководството на РЕК Осломеј воопшто не се грижи за механизацијата и функционалноста на комбинатот, подвлекуваат од Комисијата и додаваат:

„Ова е само мал дел од мозаикот на владеењето на СДСМ и нивното управување со нашите енергетски капацитети. Затоа и енергетиката денес како и целокупната состојба во државата се пред распаѓање.
Одговорност за нивното владеење мора да има. Потребно е што поскоро нивно заминување од власт и доаѓање на нов и стручен тим во енергетиката кој што ќе се грижи за општествените добра на нашата држава“.