(Фото) Дали Кејт Мидлтон би се осмелила на вакво издание? Кралицата Летиција демонстрираше како се носи кожен сексапилен фустан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црн кожен фустан на кралица? Можеби ако сте Летиција од Шпанија, и тоа не само еднаш!

Позната како кралица која рециклира поединечни парчиња облека, како и целокупните стајлинзи, кралицата Летиција се одлучи за фустанот што го носеше во февруари 2019 година, на отворањето на 38. Меѓународен саем за современа уметност, за нејзиниот последен официјален настап во Мадрид. Моменталната можност е посета на уметничкиот фестивал Фамелабу, и овој фустан е специфичен по многу нешта!

Иако не е чудно шпанската кралица да носи црни фустани, овој вид материјал не е нешто што можеме да го видиме често на неа. Како да е непишано правило принцезите и кралиците да не носат кожени фустани, особено црни, кои во таква комбинација оставаат впечаток на сексапил, а Кејт Мидлтон веројатно никогаш нема да ја видиме во ваков модел.

Сепак, Летиција често знае да блеска во заводливи изданија!

Фустанот е потпишан од брендот & Other Stories, а неговата цена е малку повисока од 20 илјади денари. Станува збор за миди модел со појас околу половината, многу суптилно деколте, јака и широки ракави кои достигнуваат до лактите. Летиција со себе донесе кожени чевли со високи потпетици.

Значи, миди фустанот „трпи“ било каков материјал и изгледа одлично и софистицирано, а кога сакаме да го рзабиеме црното, nude нијанси се секогаш добар избор!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This