дома Сцена (Фото) Две преубави Македонки на прекрасен начин го честитаа Илинден

(Фото) Две преубави Македонки на прекрасен начин го честитаа Илинден

Даница Стојановска од Кавадарци и Ирина Дишовска од Тетово облечени во фустани во боите на Македонија- црвена и жолта со фото сесија од едно од нивните омилени места- од кањонот Матка денеска го честитаа Илинден на сите Македонци.

Овие две девојки се познати планинари кои што ги имаат освоено повеќето балкански планински врвови а нивна особена пасија е алпинизмот.

“Честит Илинден МАКЕДОНЦИ! За борбата за слобода, која никогаш не престанува! Една е, наша е, НАЈУБАВА Е! ” -напиша на својот фејсбук профил Ирина Дишовска.