March 28, 2024, 10:12 am

(Фото) Дизајнер ги обои пешачките премини во Лондон за да предизвика насмевки на лицата на луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дизајнерот Јинка Илори трансформираше 18 пешачки премини во Лондон во рамките на Фестивалот на дизајн, користејќи живописни бои. Илори замени црно-бели премини во центарот на Лондон со смели нијанси на сина, портокалова, розова, виолетова и зелена боја, а на дел од нив соработуваше со студенти од Универзитетот за уметности во Лондон.

Проектот насловен „Зближи го Лондон“ има за цел да предизвика весели чувства кај илјадници луѓе кои се движат по градските улици.

„Место да бидат здодевни, пешачките премини можат да бидат точка каде што луѓето можат да искусат уметност. Се надевам дека ќе предизвикаат радост, насмевка и позитива во нивното секојдневие“, вели дизајнерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This