дома Балкан (Фото) ДУНАВ СО РЕКОРДЕН НИЗОК ВОДОСТОЈ, ОТЕЖНАТ РЕЧНИОТ СООБРАЌАЈ: Испразнето речното корито...

(Фото) ДУНАВ СО РЕКОРДЕН НИЗОК ВОДОСТОЈ, ОТЕЖНАТ РЕЧНИОТ СООБРАЌАЈ: Испразнето речното корито на најголемата река на Балканот

Поради исклучително ниското ниво на Дунав, во Унгарија запре речниот сообраќај. Водостојот, исто така, е многу низок и во Нови Сад, а на фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види како луѓето одат по коритото на реката каде што целосно е повлечена, кај шеталиштето „Штранд“ и под мостот „Слобода“.

Според претседателот на Унгарскиот сојуз за пловидба во внатрешните води, Атил Бенчик, нивото на Дунав почнало да опаѓа уште во јули, а сега е толку ниско што по него може да пловат само помалите чамци.

Сепак, како што објавија српските медиуми, метеоролозите најавуваат дека водостојот на Дунав во следните денови повторно ќе порасне.