дома Македонија (Фото) Елмас на насловните страници во Италија

(Фото) Елмас на насловните страници во Италија

Елиф Елмас е херојот на Наполи, македонскиот фудбалер блесна во клучниот натпревар за неговиот тим, постигна два гола и го однесе во нокаут фазата од Лига Европа.

Во Италија се зборува за Елиф Елмас. Нашиот фудбалер се најде во центарот на вниманието по вчерашниот одличен натпревар.

Елмас синоќа постигна два гола во победата на Наполи над Лестер од 3-2 и беше најзаслужен за пласманот во нокаут фазата.

Елиф стана првиот фудбалер на Наполи од средниот ред кој постигнал повеќе од еден гол на европски меч за Наполи по пауза од шест години. Никој немаше направено такво нешто од Хамшик во 2015 година.

Елмас заедно со Зиелински доби највисока оценка од вчерашниот натпревар, а денеска ги освои и насловните страници на италијанските медиуми.

Престижниот „Кориере дело Спорт“ го стави на насловната страница заедно со Имобиле од Лацио.