(Фото) Загрижувачки допис од добавувач до кopисниците на индустриска струја: Цената на стpyјата на светските берзи поcкапе за 100 проценти – ќе има нови услови за снабдување со електрична енергија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загрижувачки допис добиле голем број мали компании, дуќанџии и трговци поединци од компанијата Солар Про.

Дописот е насловен како понуда за снабдување со електрична енергија, а во него се напоменува големиот пораст на цената на струјата на светските берзи од 100 проценти.

Од Солар Про информираат дека поради поскапувањето приморани се да достават нови услови за снабдување со електрична енергија.

Од дописот можеме да претпоставиме дека следува големо поскапување на индустриската струја.

-Понуда за снабдување со електрична енергија

Почитувани,

Како ваш снабдувач со електрична енергија, должни сме да Ве информираме за новонастанатите услови на пазарот за електрична енергија. Поради огромниот пораст на цените на берза од скоро 100 проценти во однос на периодот на склучување на договорите, а кои снабдувачит не може да ги предвиди и контролира, приморани сме да ви доставиме нови услови за снабдување со електрична енергија. Согласнно член 122 од Законот за облигациони односи, а поради настанатите околности кои ги отежнуваат исполнувањето на обрската од нашата срана Ви нудиме нови услови со цел продолжување на нашата соработка и во иднина.

Во прилог Ви доставуваме понуда за снабдување со електрична енергија за периодот од 01.09.2021 година до 30.06.2022.

Доколку новонастанатите услови и цената за снабдување со електрична енергија, не се прифатливи за Вас имате право за промена на снабдувач од 01.11.2021 и раскинување на договорот до 10.10.2021, во меѓувреме испораката на електрична енергија нема да биде прекината од наша страна и ќе бидете снабдувани соогласно цената во доставената понуда во прилог.

Ве молиме благовремено да не известите за Вашата одлука.

Шпекулациите велат дека покрај цената на индустриската струја ќе има сериозно поскапување и на обичната струја која ја користатат домаќинствата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This