(Фото) Заев на пријателски ручек со Меркел и останатите лидери од Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел.

Во попладневните часови премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, ќе има и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата Отворен Балкан чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.

Канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.

Во пријателска атмосфера попладнево во Тирана имаме работен ручек со германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со лидерите од Западен Балкан, на кој главна тема е регионалната соработка, пренесе Заев на „Фејсбук“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This