дома Македонија (Фото) Закон не ги фаќа: Функционери на ДУИ го слават роденденот на...

(Фото) Закон не ги фаќа: Функционери на ДУИ го слават роденденот на Ахмети без почитување на мерките

Функционерите на ДУИ го прославија роденденот на лидерот на партијата Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем во кое се вселија пред само неколку часа.

А ако ви бодат очи голите лица на функционерите на ДУИ – не замерувајте, во кафеана се. И така се работи за министерство во кое од 1400 вработени на работа одат само 400. Е сега, тоа што се 15 на маса наместо по четворица… па ни министерот за здравство не ги почитува протоколите… што би рекол Заев, рибата смрди и од опашката, но ние би додале, и од главата и од опашката.

На големиот настан присуствуваат министрите и заменици-министри од ДУИ, а тоа пак е одлична можност да видиме кој владее во владата на Заев. Ако ништо друго по број. А кој има број, има и глас.