April 25, 2024, 12:48 pm

(Фото) Зaбeгaнa paбoтa: Hacлoвнa нa „Тopoнтo Cтap“ со шokaнтeн тeкcт – „Aкo нeвakциниpaн ce зapaзи oд вakциниpaн, нeкa ympe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако невакциниран се зарази со корона вирусот од вакциниран, немам емпатија. Нека умре. Искрено, не ми е грижа дали ќе умрат од Ковид. Невакцинираните пациенти не заслужуваат кревет во интензивна нега“, стои на насловната страница на канадскиот таблоид „Торонто стар“ од 26 август.

Веднаш до овој текст, стои насловот од друг кој вели „Нема вакцина, може да значи нема работа“, а се однесува на вработените Air Canada.

Ова изгледа мошне претерано. Всушност, не изгледа, туку е! И грдо. Многу грдо. Ова личи на она комуњарското „Куманово да ви се деси!“.

Не случајно епидемиологот д-р Мартин Кулдорф, професор на Харвард, чие мислење неодамна го објавивме на страниците на Денешен.мк, ги смета ваквите „вакцинални фанатаци“ за најголеми штетници на кампањата за вакцинирање, чиј поборник е и тој. Дваесет години се обидуваме да ја зголемиме довербата кај антиваксерите кон системот и вакцините и одеднаш се појавија овие ваксинални фанатици и упропастија се, вели Кулдорф.

Ова меѓутоа е доказ како „големите“ демократии за час се претвораат во нешто што ние би го оквалификувале како „тоталитарна матрица и забеганост“ при првата поголема криза. Торонто стар има лева политичка ориентација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This