(Фото) Изгope речиcи до темел: Пeплосана модулaрната болницa во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси пеплосана до темел е модуларната ковид болница во Тетово.

Според фотографиите од терен се гледа дека во моментов крим техника влезе на увид во болницата, а починатите се пребројуваат надвор од неа.

До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне.

На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This