дома Македонија (Фото) ИМ ПОКАЖА ШТО Е КУЛТУРА: Странец им покажа на нашите возачи...

(Фото) ИМ ПОКАЖА ШТО Е КУЛТУРА: Странец им покажа на нашите возачи што е култура

Несекојдневна слика се случи денеска на граничниот премин Дојран. Странски турист, и покрај големата гужва на границата за влез кон Грција трпеливо си чекаше во ред со својот велосипед.

И покрај укажувањата на останатите возачи дека може преку ред да помине и оти за велосипед не важат истите правила како за автомобилите тој не сакаше да ја заобиколи колоната .

Со оваа постапка тој им покажа за македонските возачи што е култура додека ние користиме и најмала шанса да се пикнеме преку ред.

Извор: „Pressingtv.mk“