дома Македонија (Фото) И „регулаторна“ во кампања: Спpoтивно на законите, член на комисијата на...

(Фото) И „регулаторна“ во кампања: Спpoтивно на законите, член на комисијата на партиски состаноци во Дојран

Андреј Тасев пред неколку месеци е избран за член на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Неговиот избор се случи пред 4 месеци, во Собранието на Република Македонија.

Соогласно Законот за енергетика на Република Македонија избраните и именуваните членови во регулаторните тела не смеат да бидат партиски членови и партиски активисти.

На сликата направена пред неколку дена во партиски штаб на СДСМ се гледа како господинот Тасев го крши законот и присуствува на партиски состанок.

Соогласно членот 17 став пет од Законот за енергетика функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга функција, функција во
политичка партија или работно место. Ако членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.

За иронијата да биде уште поголема фотографијата е направена на денот на првиот круг од локалните избори.